Ученици од ОУ „Св.Наум Охридски“ во посета на Општината

Ученици од 4- то одделение од ОУ „Св. Наум Охридски“ с. Пештани и подрачните училишта во с. Коњско и с. Елшани денес беа во посета на општина Охрид. Учениците разговараа со заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој ги запозна со работата на градоначалникот Никола Бакрачески и начинот на функцирање на Локалната самоуправа и Советот на Општина Охрид.

Учениците го посетија и секретарот Димитар Спасески кој ги запозна со одговорностите што ги има во овозможување на квалитетно фунционирање на локалната самоуправа. Потоа учениците посетија и некои од одделенијата во локалната администрација.

Посетите на општина Охрид од страна на ученици од основните училишта, се во рамки на реализација на наставните содржини по предметот опшество.