Нарушен јавниот ред и мир во Струга

Едно лице е повредено во нарушен јавен ред и мир со пукање од огнено оружје пиштол случено денес во спорскатата обложувалница „Спортлајф“ во Струга.

А.Н. (53) од струшкото село Велешта се здобил со повреди во градниот кош по што е пренесен во општата болница во Струга а потоа, поради сериозноста на повредите префрлен во ургентен центар во Скопје.

Настанот се случил денес во 12 часот и 40 минути во близина на тоалетот од спортската обложувалница која се наоѓа на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Од засега непознати причини дошло до пукање во ходникот во близина на тоалетот. Тука забележан е повредениот А.Н. а веднаш до него и огнено оружје пиштол марка „Берета“ калибар 9 милиметри.

Полициската станица од Струга презема мерки за целосно расветлување на сите аспекти на овој настан.