Договор за полициска соработка меѓу Македонија и Словенија

Во текот на вчерашниот ден министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Република Словенија м-р Весна Гјеркеш Жнидар, која беше искористена за потпишување на Договорот меѓу Владите на Република Македонија и Република Словенија за полициска соработка.

Со склучувањето на Договорот за полициска соработка, двете Министерства за внатрешни работи дополнително ја зацврстуваат соработката во однос на спречување на опасност и осигурување јавна безбедност, во поглед на јавниот ред и сообраќајната безбедност, како и спречувањето, откривањето и спроведувањето на истраги за кривични дела, специфично во полето на организиран криминал, тероризам, трговија со луѓе и нелегална миграција, компјутерски криминал, незаконска трговија со недозволени дроги, психотропни супстанци и прекурсори, како и други кривични дела од меѓународен карактер, особено потврдувајќи ги заедничките заложби за борба против тероризмот во пресрет на денешната Конференција на Министрите за правда и внатрешни работи и партнерите на Брдо процесот и Процесот за соработка во ЈИЕ.

dogovor slovenija