Горивата поскапуваат за денар и пол

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,31%. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 06.04.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,688 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 06.04.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,928 ден/кг.