Охриѓани освоија бронзени медали на Македонската математичка олимпијада и Европската математичка олимпијада

На 4-ти април во Универзитетот ФОН-Скопје, се одржа Македонската математичка олимпијада 2015, за учениците од средното образование. Теодора Бујароска и Виктор Домазетоски ученици во IV година во ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид под менторство на професор Валентин Чачор освоија бронзени медаљи.

Во периодот од 14-ти до 20-ти април во Минск, Белорусија се одржа 4-тата Европска Женска Математичка Олимпијада -EGMO 2015 на која учестваше 4-член тим што ја претставува Македонија во состав Теодора Бујароска, Теа Стоилкоска, Сања Симоновиќ и Анастастија Трајанова. Теодора Бујароска ученик во ОСУ „Св Климент Охридски“ – Охрид под менторство на професор Валентин Чачор освои бронзен медал.