Инфо Ден, „Хоризонт 2020“ – Мари Склодовска-Кири Акции

Министерството за образование и наука во соработка со Македонската академија на науките и уметностите организираат Инфо ден за можностите кои ги нуди програмата за мобилност Мари Склодовска-Кири акции, во рамки на Европската програма за истражување и иновации – “Хоризонт 2020“.

Програмата нуди извонредни можности за мобилност на истражувачите од сите категории, индивидуални стипендии, размени на тимови од институции вклучувајќи и административно технички кадар, учество во КО-финансирани програми за постдипломски и докторски студии итн.

Презентери на овие акции се г-дин Даниел Геринг од Генералниот директорат за образование и култура при Европската комисија и г-ѓа Елена Габриела Чира од Европската извршна агенција.

Датум: 21.05.2015
Место: Македонска Академија на науките и уметностите
Време: 09:30 – 14:00
Работен јазик: англиски

Заинтересираните за овој настан можат да го најават своето учество на следната e-mail адреса: Olga.Dukovska@mon.gov.mk

Ве молиме да ги наведете следните информации:
– Име и презиме
– Институција, град
– e-mail адреса
– Контакт телефон