Ќе биде ли изграден паркингот во Лешани ветен уште пред 2 години?!?

До нашиот медиум пристигнаа реакции од мештаните во Лешани кои очекуваат да биде изграден ветениот паркинг кај манастирот „Сите Светии“- Си Свети. Информациите говорат дека на местото означено и планирано за паркинг однесена е само песокта.

„Очекуваме да се реализира ветеното, а патем и забелешка дека преполнетиот контејнер кој стои до несудениот паркинг треба барем редовно да се празни. Тоа, секако е должност и задача на Комуналното претпријатие на општината Дебарца.“ – велат во дописот загрижените граѓани од Дебрца, кои ни испратија и неколку фотографии од пред манастирот „Сите Светии“ во Лешани.