Најголемиот саем за високо образование во САД пристигнува во Скопје

„EducationUSA“ Македонија и Амбасадата на САД во Македонија го организираат најголемиот Саем за високо образование во САД организиран во Македонија, кој годинава ќе се одржи во Скопје на 25-ти април.

Претставници на извондредни американски колеџи и универзитети ќе се претстават на Саемот во Скопје ќе одговараат на вашите прашања за нивните академски програми за додипломски и постдипломски студии како и за можностите за стипендии и финансиска помош.

Повеќе информации за институциите можете да најдете тука: www.acmacedonia.org/fair_participants.php

Саемот ќе се одржи во Галеријата на Младинскиот културен центар Скопје од 17:00 до 20:00 часот.

Учеството на саемот е бесплатно, но регистрацијата е потребна поради понатамошна комуникација со потенцијалните студенти како и за увид за бројот и интересите на заинтересираните посетители. Повеќе информации за регистрација на овој саем можете да најдете тука: www.acmacedonia.org/fair_register.php “.