Се интензивира реконструкцијата на улицата „Питу Гули“

Градежните активности за реконструкција на улицата „Питу Гули“, продолжуваат со засилена динамика. Старите бехатонски плочки од тротоарите се отстрануваат и се врши подготовка на подлогата за поставување на тампонски материјал, по што ќе следува поставување на нови бехатонски плочки на тротоарскиот дел од улицата. Во текот на денешниот ден, стручните служби од општина Охрид заедно со надзорот и изведувачот излегоа на терен при што на изведувачот му се дадоа насоки со кои ќе може да започне со висинско поставување на ивичниците. Влезовите кон околните влезови веќе се дефинирани со што првата фаза од реконструкцијата привршува.

Вкупната должина на улицата „Питу Гули“ е 768 метри. Ширината на коловозот е од 7,5 до 9 метри. Улицата ќе биде асфалтирана во два слоја со високо квалитетен асфалт со вкупна дебелина од 10 сантиметри. Активностите ќе се изведуваат во четири фази, а целокупниот проект е финансиран од Светска банка.