Светски ден на книгата и авторските права

23 април е симболичен датум за светската книжевност, бидејќи токму на 23 април 1616 почина Сервантес, но и Шекспир и Инка Гарсиласо де ла Вега. 23 април е исто така е датумот на раѓање или на умирање и на други угледни автори како Маурис Друон, К. Лакснес, Владимир Набоков, Јосеп Пла и Мануел Мехиа Валехо.

Книгата овозможува подобро запознавање на другите и на нивните мисли, всушност таа овозможува подобро осознавање на светот. Исто така, дава можност да се напредува, во секое животно доба, а особено  во младоста.

Tокму затоа УНЕСКО го одбра овој датум кога глобално се оддава почит на книгите и нивните автори, поттикнувајќи ги сите, а посебно младите луѓе, да го откријат задоволството во читањето и да се здобијат со возобновена почит кон неповторливите допринесувачи кон општествениот и културниот напредок на човештвото. Идејата за одбележување на овој ден потекнува од Каталонија, каде на 23-ти Април на денот на католичкиот празник Св.Јурја, традиционално се подарува ружа за секоја подарена книга, традиција која трае скоро 100 години.

Одлуката да се одбележува овој ден како светски ден на книгата и авторските права е донесена на општата конференција на УНЕСКО, одржана во Париз 1995 година.