Најмалку 200 жртви во земјотресот во Непал

Најмалку 200 луѓе загинале, а 400 се повредени во силниот земјотрес што утрово го погоди Непал, соопштиле од Министерството за внатрешни работи на земјата.

Најмалку 50 луѓе се затрупани под урнатините на деветкатната кула од 19 век во Катманду.

Земјотрес бил со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала.

„Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од два километри, а 80 километри источно од градот Покхаре во централниот дел на земјата, на половина пат до главниот град Катманду“, соопшти американскиот Геолошки институт (УСГС).

Се уште не е познат бројот на повредени лица. Според очевидците во болницата во Катманду постојано пристигнуваат повредени луѓе.

Долината Катманду е густо населена со 2,5 милиони луѓе, а квалитетот на зградите е прилично лош.

Земјотресот бил почувствувам и во Њу Делхи и други градови во северниот дел на Индија, во пакистанскиот град Лахоре и во Тибет. Земјотресот бил почувствуван дури и во Бангладеш, иако епицентарот бил на 745 километри северозападно од таа азиска земја.

Земјотресот предизвикал и лавина на врвот Еверест.

Извор: Нет Прес