СДСМ во Гостивар: Вистината ги обедини граѓаните

Денеска, дел до раководството на СДСМ во текот на целиот ден е со граѓаните на Гостивар.

Генералниот секретар, Оливер Спасовски, потпретседателката Фросина Ременски, потпретседателот Дамјан Манчевски, организациониот секретар Миле Зечевиќ, членовите на Извршниот одбор, Пеце Мирчески, Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, Драган Тевдовски, како и претставници на Општинската организација на СДСМ од Гостивар разовараа со граѓаните споделувајќи ја Вистината за Македонија.

„Објавувањето на Вистината за Македонија ги обедини граѓаните, овозможи враќање на единството. Тоа е многу значајно за иднината на државата. Сега сите заеднички ќе се избориме против ова зло што ни се случува. Тоа ние граѓаните на Македонија мораме да го направиме за својата држава,“ порача генералниот секретар Спасовски на средбата со пензионерите од Гостивар.

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, придружуван од Аднан Ќахил, претседател на Партијата за движење на Турите, се сретнаа со граѓаните од турската етничка заедница во Гостивар.

„Турците во Македонија знаат дека ова што со обелоденува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е апсолутна вистина затоа и ние се придружуваме и ја шириме Вистината за Македонија“, порачаа граѓаните на средбата.

Потпретседателот Манчевски се заблагодари на поддршката и додаде дека СДСМ во оваа борба за иднината на државата влезе принципиелно мислејќи единствено на интересите на граѓаните.

За нас во СДСМ, Македонија е земја за сите и земја на сите. За нас не постојат човечиња туку постојат граѓани на Република Македоија.

Потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски оствари средба со претставниците на невладиниот сектор,а членови на Извршниот одбор на партијата цел ден беа меѓу граѓаните на Гостивар ширејќ ја вистината за Македонија.

Во моментов во тек е големиот граѓански собир во Гостивар, Граѓаните заедно за Вистината за Македонија, на кој ќе се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев.