Јолевски: Ќе се изврши избор на квалитетен, стручен и правилен избор на кандидати за вршење на должност во специјалните единици на АРМ

Денес, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Горанчо Котески, посетија неколку работни точки во Центарот за обука „Пепелиште“ и областа на АП Криволак каде што во рамките на Јавниот оглас за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија се спроведува селективен курс за вклучување на професионални војници во Полкот за специјални операции на Армијата на Република Македонија. Селективниот курс се извршува врз основа на Правилникот за вршење на селекција на лица за професионални војници во специјални единици на АРМ во Центарот за обука „Пепелиште” и поширокиот реон на АП „Криволак”.

„Како што знаете овој процес го почнавме некаде кон крајот на Јануари и сега сме во завршната фаза каде што најдобрите кои ќе го поминат овој селективен курс ќе ги примиме како професионални војници во Армијата на Република Македонија. Овој селективен курс е 24 дена и војниците кои ќе го завршат овој курс ќе ги примиме во специјалните единици на АРМ. Целта ми е од кога станав Министер, специјалните единици на Армијата на Република Македонија да ги подигнеме на уште повисоко ниво.“ истакна Министерот за одбрана, Зоран Јолевски. Јолевски додаде дека еден од чекорите што се превземени е тоа што веќе два месеца 4 офицери и 4 подофицери од специјалните единици работат со питомците во Воената академија, а исто така и дека во план е наскоро да започне шест месечен курс за подофицери во Воената академија каде што значаен дел од подофицерите ќе бидат припадници на специјалните единици. Министерот за одбрана порача дека дополнително ќе се формира една единица од офицери во MO и Генералштабот која што ќе се занимава со развојот на специјалните единици преку воспоставување на контакти со НАТО штабот во Брисел меѓутоа и со командата на специјални операции за Европа на САД, и истовремено ќе имаат задача да го зајакнат квалитетот и на останатите делови на Армијата.“- рече Јолевски.

Началникот на Генералштабот на Армијата на Репубика Македонија, генерал-потполковник Горанчо Котески, рече дека досега успешно се извршени трите фази на проверки и дека по завршувањето на четвртата фаза и вториот Јавен оглас за прием, а професионални војници очекува успешно докомплетирање на Армијата на Република Македонија.

 „За овој конкурс се пријавија 1050 кандидати и селективниот курс има за цел да се изберат најдобрите. Јас сум задоволен. Остануваат уште 10 дена и сметам дека најуспешните кои ќе останат ќе бидат примени во Армијата.“- истакна Котески.

Министерот Јолевски ја искористи можноста да се потсети на својата служба во специјалните единици за време на втората работна точка „Спуштање од мост“. Тој се спушти од мост од висина од 26 метри со специјална алпинистичка опрема.

На огласот објавен од страна на Министерството за Одбрана на Република Македонија за прием на професионални војници во АРМ се пријавија 1050 кандидати. Додека 355 кандидати доброволно се пријавија за прием во специјалните единици на Армијата на Република Македонија и повеќето со успех ја поминаа дополнителната проверка за пливање и одржување на вода што представува дополнителен предуслов за влез на селективниот курс.

Селективниот курс го започнаа 347 кандидати. После 14-тиот ден од 24 дневниот селективен курс, каде моментално се останати 190 кандидати, додека останатите не ги издржаа досегашните проверки и доброволно се откажаа од понатамошната селекција. Доброволно откажаните кандидати се упатуваат дома и се приклучуваат кон групата на кандидати за прием во останатите единици на АРМ.

На селективниот курс имаат земено учество кандидати од различна етничка и родова припадност. Има 14 припаднички на понежниот пол и 36 припадници од етничките заедници.