Конституиран Национален совет за културно наследство

Во просториите на Министерството за култура се одржа конститутивна седница на Националниот совет за културно наследство составен од 11 угледни членови – универзитетски професори, раководители на институциите за заштита и експерти од оваа област од ресорното министерство. Претседател на овој совет по функција е министерката Елизабета Канческа-Милевска, која од објективни причини не беше присутна на првата конститутивна седница, а по нејзино овластување, неа ја водеше државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи.

На првата седница на новиот состав на Националниот совет, точка на дневниот ред беше и Предлог-законот за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, Закон за кој по водената дебата беа предложени измени и дополнувања кои беа пресретнати со позитивно мислење. На оваа седница уште еднаш беше нагласена потребата за вклучување нови кадри во институциите за заштита на културното наследство за кои има насушна потреба.

03_AAa