Меѓународна конференција во Охрид „Размена на најдобри практики на ЕУ во борбата против корупцијата на локално ниво“

Во Охрид од денес започнува Меѓународната конференција на тема „Размена на најдобри практикина ЕУ во борбата против корупцијата на локално ниво“.

Според најавите, свое воведно обраќање во рамки на отварањето на конференцијата ќе имаат Министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, Претседателот на Државната комисија за борба против корупцијата Горан Миленков, Раководителот на одделот за политички прашања, правда и внатрешни работи, информации и комуникација од делегација на Европска Унија Роберт Лидел и Извршниот директор на ЦИКП Марија Ристеска.

Во рамки конференцијата ќе бидат соопштени и резултатите од првотосистематско истражување на доброто владеење на локално ниво ЛОТОС 2014кое се спроведуваше во текот на изминатата година. ЛОТОС 2014 ја оценува примената на добрите практики на локално ниво во однос на шест принципи на добро владеење: транспарентност, одговорност, отчетност, учество, ефикасност и ефективност. Во рамки на истражувањето беа опфатени 43 македонски општини помеѓу кои и општините од Југозападниот регион Охрид, Струга, Кичево, Вевчани и Центар Жупа.

ЛОТОС методологијата е пренесена од Хрватска каде истражувањето сеспроведува континуирано секои две години од 2009-та. Во Македонијаметодологијата ја спроведе Центарот за истражувањеи креирање политики восоработка со ГОНГ од Хрватска, ЦЕРИ Битола, ЗЛРР Тетово, ЛДА Струга, Бујрум Куманово, ЕХО Штип и Зелена Сила Велес.