Во с.Кондово приведено лице осомничено за тероризам

По предходно преземени интензивни мерки, а постапувајќи по три судски наредби за сторени кривични дела: „насилство“,„тероризам“ и „казнување за подготвување“ од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со оружје во СВР-Скопје заедно со припадници на единицата „Алфа“и ЕЈРМ во с. Кондово пронајден е и лишен од слобода А.Џ.(53) од с.Кондово и по изречената мерка притвор истиот е спроведен во КПУ„Скопје“.

Инаку истиот минува во крим евиденцијата на МВР за сторени кривични дела: здружување заради непријателска дејност“,„подготвување на терористичко загрозување“,„злосторничко здружување“, „предизвикување општа опасност“,„тешки дела против општата сигурност“,„недозволена трговија со дрога“за што од страна на судот му биле изречени и затворски казни.