Ќе се обележуваат паркинг местата на неколку улици во градот

ЈП „Билјанини Извори“ како правен субјект кој стопанисува со јавниот градски простор на територија на општина Охрид, утре (среда, 6-ти мај) и задутре (четврток 7-ми мај) како дел од оперативниот план за подготовка на јавниот паркинг простор пред туристичката сезона ќе изврши обележување на паркинг местата на следните улици, и тоа:

Среда (06. 05) Кеј Македонија (кружно) и Ул. „Македонски Просветители“ од кружното до пресекот со Ул. „Партизанска“, и

Четврток (07. 05) Ул. „Македонски Просветители“ од пресекот со Ул. „Партизанска“ до пресекот со Бул. „Туристичка“

Планот за целосно обележување на паркинг местата во централното градско подрачје ќе продолжи во наредната недела за што граѓаните ќе бидат благовремено известени.

ЈП „Билјанини Извори“ им се заблагодарува на граѓаните на Охрид за нивното разбирање и ги уверува дека во краток временски период ќе се заврши со обележувањето, со што повторно за граѓаните ќе се создадат можности за непречено паркирање на нивните возила.