Намалено производството на шумски производи во државните шуми

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2015 година, во однос на првото тримесечје од 2014 година, е намалено за 43.0 %.

Намалување на шумското производство е забележано кај повеќето шумски сортименти.

Зголемување на шумското производство е забележано кај огревното дрво од иглолисни видови и просторното дрво од иглолисни видови.