Утре ќе се подигнува кабаст отпад во УЗ 8 „Билјанини извори“

ЈП „Охридски Комуналец”, ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре 16-ти мај (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во УЗ 8„Билјанини Извори“.

„Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.“- информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.