Светски ден на телекомуникациите и информатичкото општество

Во ноември 2006 година во Анталија, Турција, одлучено е двата настани: Светскиот ден на телекомуникациите и Денот на информатичкото општество да се прославуваат заедно на 17 мај како Светски ден на телекомуникациите и информатичкото општество.

Резолуцијата 68 ги повикува земјите-членки и членовите на Секторот да го прослават денот на годишно ниво преку организирање на соодветни национални програми со цел за:

  • стимулирање на размислување и размена на идеи на теми усвоени од страна на Советот;
  • да дебатираат за различни аспекти на темата со сите партнери во општеството;
  • формулирање на извештај за националните дискусии за прашањата и проблемите кои се поврзани со темата.

Целта на Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество е да помогне за да се подигне свеста за можностите од употребата на интернетот и другите информатички и комуникациски технологии и она што може да добијат општествата и економиите, како и начини со кои би се премостил дигиталниот јаз.