Во Косово учениците масовно ги напуштаат училиштата

Во првото полугодие 775 ученици ги напуштиле средните училишта, пишува дневниот весник „Коха Диторе“, повикувајќи се на косовското министерство за образование, а пренесува Б92.

Меѓу оние што го напуштаат средното училиште доминира машкиот пол, што, според мислењето на познавачот на системот на образование на Косово Дукаѓин Пуповција, укажува дека главни причини за таа појава се тешките економски услови.

Во министерството за образование рекле дека се загрижени поради тие фрапантни податоци, но не говорат за конкретни решенија со што би се забавил овој тренд.

Според Пуповција, решението е во тоа да се создаде една посебна формула за финансирање на средното образование, односно за децата со лоши материјални можности, пренесува „Коха Диторе“.

Извор: Нет Прес