Стар, нов Државен првак во гаѓање со воздушно оружје во сениорска конкуренција-меѓународна програма

Вчера на стрелиштето во битолската касарна, се одржа Државно првенство во гаѓање со воздушно оружје- меѓународна програма на кое учество зедоа околу 30-тина стрелци од државава во сите категории и конкуренции. Михаил Шишкоски повторно ја донесе радоста за стрелачкиот клуб „Охрид“.

„Тој веќе континуирано ја докажува својата надмоќ во светот на македонското стрелаштвото, повеќе од 3 години. Оваа победа е надоврзување на низата државни рекорди и први места. Со резултат од 577 кругови тој го остави зад себе второпласираниот за цели 22 кругови! Напоменуваме дека на ова Државно првенсвто стрелците пукаа на цели кругови, значи без децимали, а колку е висок овај резултат покажува фактот дека Мише испука дури 40 центри од вкупно 60 истрели. И кај јуниорите повод за радост: Васко Попоски се пласира на втората позиција, додека пак Мартин Гоџоски заврши како четвртопласиран. Во моментов нашата најдобра јуниорка, Ангела Алексовска се пласира на третата позиција со резултат од 364 кругови, повторно оставајќи ја зад себе Емилија Пеева од СК „Штип“, победувајќи ја на подобра последна серија. Но, и за неа како и за останатите стрелци од нашиот клуб, нема место за настапите на светските Купови, поради неколкуте суетни луѓе во МССФ. (доказ-ПЕЕВА ќе настапи во Минхен на престојниот светски Куп што почнува на 26-ти овај месец, нашата Ангела НЕ, за Михаил и да не зборуваме, никогаш не станало збор!!!) “– велат од СК „Охрид“.

11121397_10207216345986182_249876033_n 11127593_10207216347866229_374996673_n 11301314_10207216368666749_1898798040_n