МЗТ Скопје ќе игра против Куманово во финалето од кошаркарскиот Плеј-оф

Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ја продолжува борбата за одбрана на титулата. МЗТ Скопје во четвртото финале по ред ќе игра против Куманово.

Во полуфиналето МЗТ Скопје го совлада Фени Индустри со победи на двата дуели 79-62 и 75-64, додека пак Куманово во полуфиналето на два пати го совлада Работнички со резултат 78-77 и 85-71.

Финалето од плеј-офот започнува во петок (29-ти мај) и се игра до три победи, а тимот на МЗТ ја има предноста на домашниот терен.

WebOhrid