Во првиот квартал зголемен товарниот патен превоз

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички национален и меѓународен превоз бројот на превезените патници изнесува 2 090 000, во железничкиот превоз 156 000, во градско-приградскиот превоз 19 987 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 268 046.

Во истиот период, во споредба со првото тримесечје од 2014 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 14.3%, во воздухопловниот превоз е намалено за 19.4%, додека во железничкиот превоз намалувањето изнесува 19.6%.