Хаику поезија од Пере Ристески објавена во Австрија

Хаику поезија на охридскиот поет Пере Ристески се најде во германското електронско списание Chrysanthemum, што излегува два пати годишно, и објавува претходно необјавени Хаику, Сенриу, Танка, Хаибун, есеи и интервјуа на германски и англиски јазик.

Во списанието се застапени 120 автори на хаику, сенриу, танка и хаибуни од целиот свет. Одбраните творби се објавени на англиски и германски јазик.

Ристески е објавуван во повеќе светски хаику списанија и антологии на повеќе светски јазици.