„Инженерски прстен“ за најдобро дипломираните инженери

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска на платото пред Св.Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник во Охрид ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2015“ на најдобрите дипломирани студенти коишто ги негуваат инжинерските дисциплини.

Наградата е во вид на круна од дабови лисја на чиј врв се наоѓа знакот на Инженерската институција. Дабовите лисја симболизираат чест и достоинство во македонскиот културен круг, а ѕвездата симбол на знаење.

Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ која е во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.