Првачињата од ОУ „Христо Узунов“ на прошетка со брод

Учениците од  прво одделение од ОУ „Христо Узунов“, заедно со нивните учителки Лидија Цветковиќ и Наташа Групчева Пупиноска, беа на прошетка по водите на Охридското езеро со бродот „Кристина Ројал“. Посетата беше организирана во соработка со родителите во согласност со проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, со цел учениците практично да ги применат знаењата од сообраќајот.

Среќни и задоволни од нeзаборавното патување, учениците се упатија кон стариот дел на градот, кон нови доживувања.

Од ОУ „Христо Узунов“ упатуваат голема благодарност до Капетанијата на град Охрид која им ја овозможи прошетката со бродот „Кристина Ројал“, капетанот Васко и неговите членови од екипажот.