Министерот Адеми им го честиташе завршувањето на учебната година на сите ученици

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, на сите ученици им го честиташе завршувањето на учебната 2014/2015 година. Тој им посака да го поминат летниот распуст во добро расположение. На учениците кои завршија со основното образование им посака успех при уписот во средните училишта, а на средношколците од завршните години во средните училишта им посака да се запишат на факултетите на кои ќе можат да постигнат најдобри резултати.

„Денес е последниот ден од учебната 2014/2015 година, по овој повод од училиштето „ Јашар бег – Шкупи “ на сите ученици во Република Македонија им посакувам успешно завршување на оваа учебна година, а на сите ученици кои завршуваат основно образование и на матурантите им посакувам успех во понатамошната работа“, истакна Адеми.