Градоначалникот Трајкоски ќе оствари средби со жителите на Велмеј и Лешани

Се известуваат жителите на селата Велмеј и Лешани дека Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски ќе оствари средба со жителите од селата Велмеј и Лешани, во врска со изградбата на канализациона мрежа. Средбата во Велмеј ќе се реализира утре, со почеток во 20:30 часот,  а со жителите од Лешани ќе се реализира во недела, со почеток во 20:30 часот.

На состанокот ќе бидат презентирани проектите за изградба на канализационите мрежи.