Во тек е пријавување на екипи за турнирот во мал фудбал „Петровден“ 2015

Оваа година по 41 пат во Мешеишта ќе се одржи турнирот во мал фудбал „Петровден“ 2015. Турнирот ќе се одржи од 21 јуни до 12 јули 2015 година.

Пријавувањето на екипите ќе биде до 19 јуни и се врши кај лицето Игор Крцоски (Манце) тел: 075/701 800

За учество на турнирот секоја екипа треба да плати 3.000 денари најдоцна до 19 јуни до 22:00 часот.

„Распоред на екипите во групи ќе се врши на 20 јуни во 21:00 часот во Домот на култура во Мешеишта. Натпреварите ќе се играат во вечерните часови под рефлекторско осветлување, а фондот на наградите ќе биде соопштен на денот на влечењето. Се молат екипите да го запазат терминот за пријавување, во спротивно по изминатиот рок нема да вршиме пријавување“. – информираат од Организациониот одбор „Петровден“ – Мешеишта.

TurnirMalFudbalPetrovdenMeseista2015