Свечено ќе биде пуштен во употреба реконструираниот пат Елешец – Елшани

Утре, 14-ти јуни(недела),  во охридското село Елшани, со почеток во 13 часот и 30 минути свечено ќе биде пуштен во употреба реконструираниот пат Елешец-Елшани.

На свеченоста,  ќе присуствува и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

Патот е во должина од 2. 258 метри и ширина во просек од 4 метри. Изведувач на градежните активности е АД „Илинден “ од Струга,  а вкупната вредност е околу 7. 610.000 денари.