Втор ден Глобален форум во Вроцлав

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во рамките на вториот ден на Глобалниот форум во Вроцлав, Полска, оствари значајни одвоени средби со американскиот генерал Џејмс Џоунс и со Стивен Хедли, советници за национална безбедност на претседателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот совет на САД.

На средбите министерот Јолевски ја истакна потребата Република Македонија да ја оствари зацртаната цел, членството во Алијансата. Со, зачленувањето на Македонија и на Црна Гора, како и со поместување на процесот за членство за Босна и Херцеговина, НАТО ќе влијае на унапредување и зацврстување на мирот и безбедноста во Југоисточна Европа, истана министерот. Воедно, министерот посочи дека НАТО и Македонија ги споделуваат истите вредности. Македонија ги исполни сите критериуми уште во 2008 година и се однесува како де факто членка на Алијансата. Пример за ова е учеството во повеќе досегашни мисии, меѓу кои и „Слобода за Ирак“, ИСАФ и „Одлучна поддршка“, која трае во моментов, како и логистичката поддршка КФОР Мисијата. Соговорниците дадоа целосна поддршка за прием на Македонија во Алијансата, а генералот Џонс, инаку поранешен Командант на Американската команда за Европа, се задржа и на професионалноста на македонските војници и старешини, како и нивните способности и капацитети.

Во попладневните часови на вчерашниот ден, министерот Јолевски оствари и средба со сенаторката Џеан Шахен, копретседател на Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат. Притоа беа раменети мислења за глобалните геополитички состојби, кризата во Украина, заканите по светскиот мир кои доаѓаат од кофликтот во Сирија и Ирак. Воедно се разговараше за состојбите во нашиот регион, аспирациите за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ. Македонија и македонските граѓани, поддржани од политичките партии јасно дадоа и даваат до знаење дека местото на државата е рамо до рамо на заедничка маса во седиштето на НАТО со нашите пријатели и партнери од Алијансата.

DSC_0694_resize sredba-MO-Gen.-Jones-2_resize sredba-MO-Stiven-Hadli-2_resize