Зголемен бројот на странски туристи во април

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2015 година изнесува 52 298,  а бројот на ноќевањата изнесува 103 727.

Бројот на туристите во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е зголемен за 17.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.3%.

Бројот на домашните туристи во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е намален за 5.2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 30.9%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е намален за 5.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22.2%.

Во периодот јануари-април 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 7.5%, а кај странските има зголемување за 19.8%.

Во периодот јануари-април 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 10.2%, а кај странските има зголемување за 13.7%.