Седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Охрид

Вечерва во Охрид седница ќе одржи ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Почетокот е закажан за во 19:30 часот.

На седница ќе се дискусија од страна на сите членови на Централниот комитет за актуелната состојба во државата, како и за одржувањето на предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат најдоцна до април идната година.

Се очекуваат да бидат донесени и конкретни заклучоци и насоки како партијата ќе дејствува во идниот период по однос на актуелните прашања, како и договорот од 2 јуни.