Охрид домаќин на интернационален музички натпревар

Со пригодна свеченост, синоќа во зградата на општина Охрид свечено беше отворен четиринаесеттиот Интернационален натпревар за млади музичари „Охридски бисери“. Присутните, професори, педагози родители и учесници ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

Деновиве Охрид ќе живее во знакот на младоста, музиката и постојаниот порив за совршена изведба. Вие, младите музички таленти од сија, Германија,Кина, Унгарија, Словенија, Бугарија, Србија и Македонија ќе покажете што знаете и умеете, а нам ќе ни овозможите да уживаме во Вашите изведби. Со учеството на овој фестивал, Вие станувате дел од богатата музичка историја на Охрид, во чиј врв се наоѓаат настапите на Ростропович,Навара,Коган Шанкар и други бројни изведувачи со светско реноме. Тие, настапувајќи под сводовите на древната „Света Софија“ и другите сцени, низ светот ја прославија нашата најголема музичко сценска манифестација, фестивалот „Охридско лето“ , кој годинава ќе го има своето 55-то издание.Особено сме почестени што името на овој фестивал е „ Охридски бисери“ , зошто токму по неговата реткост и тајната на изработката сме препознатливи во светот. Искрено се надевам дека сите Вие, кои сте учесници на овој голем музички настан сте бисери, имате свои тајни во изведбите и дека стручното жири составено од истакнати и светски признати педагози, ќе ги избере најдобрите бисери. Верувајте дека нема да се радуваат само победниците,туку сите учесници кои ќе бидат горди што сте дел од овој настан и парче од охридскиот музички бисерен ѓердан“– истакна Јанев.

Интернационалниот музички натпревар ќе трае шест дена а организатор е Здружението на музички и балетски педагози на Република Македонија.

Int_music_juni_2015_4852 Int_music_juni_2015_4851 Int_music_juni_2015_4853