Зголемени продажните цени на индустриските производи во април

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0.2% на месечно ниво, односно за 2.6% на годишно ниво.

Во април 2015, во споредба со март 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.9%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.2%.

Во април 2015, во споредба со април 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.2%, а во секторот Преработувачка индустрија за 2.3%.