Зголемен бројот на дипломирани студенти на високите школи и факултетите

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, во споредба со 2013 година, е зголемен за 4.0%.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 79.1% се редовни, а 20.9% се вонредни студенти. Процентот на дипломирани студенти-жени изнесува 55.9%.

Од вкупниот број студенти, 41.3% дипломирале во рок, додека 58.7% дипломирале по рокот.