Од утре стартуваат уписите во средните училишта

Почнува запишувањето на полуматурантите во средно образование кое е задолжително во Македонија. Утре и задутре е првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни.

Според Конкурсот кој Министерството за образование и наука го објави на крајот на март, второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 29-ти и 30 јуни, а резултатите од запишувањето ќе бидат објавени на 1 јули.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 24 август, а резултатите и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување, ќе продолжат да запишуваат ученици до 27 август 2015.