Градоначалникот Бакрачески се сретна со претставници на семејствата на загинатите бранители

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше средба со претставници на Здружението на семејствата на загинатите бранители „Македонски херои“. Претставниците на здружението го информираа градоначалникот за текот на реализирањето на нивните законски регулирани права и изразија задоволство од престојот во Охрид.

По непосредниот и искрен разговор, градоначалникот Бакрачески ја прифати нивната покана да ги посети во одморалиштето на МВР во Охрид, каде на седумдевен бесплатен одмор престојуваат 120 членови на семејствата на загинатите бранители од Здружението.