Темелно го “запознал“ станот на оштетените и за десетина дена украл предмети вредни речиси 100.000 евра

СВР-Скопје-Единицата за општ криминал -Отсек за тешки кражби до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицето Б.A.(28) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело ,,кражба“ предвидено и казниво по член 235 од КЗ при што се здобил со противправна имотна корист од околу 5.979.150 денари. Имено, пријавениот во периодот од 31.05. годинава до 14 минатиот месец на подрачје на Карпош, поточно во стан на ул. Јуриј Гагарин извршил кражба во згодна прилика на тој начин што истиот претходно се запознал со ќерката на оштетените и на тој начин успеал да дојде во станот. Истиот користејќи ја приликата додека оштетените не биле дома, односно биле на одмор, во слободниот разговор со нивната ќерка дошол до сознание дека истите ќе се вратат околу 13.06.2015 година и слободно се чуствувал при што и подолго време останувал во станот.

Во повеќе наврати Б.А. за да остане сам во станот на вешт начин ја манипулирал ќерката на оштетените на тој начин што ја испраќал да уплаќа ливчиња во спортска обложувалница, а во еден наврат ја испратил и во населба Кисела Вода со изговор дека должел пари на некоја особа за истата да ги врати. Тогаш пријавениот останувал сам во станот при што детално вршел пребарување и во гардероберот пронашол една сива чанта со тврд оквир заклучена со клуч со две спојки, при што делувал со штафцигер и успеал насилно да ја отвори. Од чантата пронашол и одзел голема количина на уникатен златен накит како и предмети од злато со антиквитетска вредност. Истиот не се задоволил со одземените предмети, туку продолжил со пребарување во станот при што пронашол и одзел уште камера, фото апарати, мобилен телефон, часовник и други предмети.

Врз основа на наредба издадена од страна на судија на претходна постапка истовремено е извршен претрес во стан кој пријавениот го имал земено под закуп каде се пронајдени дел од украдените предмети, како стан на кој пријавениот се води по личните документи при што во него не се пронајдени предмети од интерес. Од страна на оштетените извршено е препознавање при што со сигурност ги препознаа одземените предмети бидејќи се работи за уникатни златни парчиња , и со потврда истите им се вратени .

Бидејки Б.А. беше во бегство на 29.06.2015 година беше пронајден и префрлен во КПУ Затвор Идризово за издржување на казна затвор за претходно извршени кривични дела измами. Пријавениот е и претходно е познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против правосудството, за што од страна на СВР Скопје во периодот од 2003 до 2014 година поднесени му се 15 кривични пријави по чл. 235 ; 236; 239; 247 и 366 од КЗ.