Вечерна богослужба и света архиерејска литургија за празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец“

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Наум Охридски“, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерва, во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец“, со почеток во 19:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Утре, во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец“, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.