ЈП „Охридски Комуналец“ со активности на неколку локации во градот

Екипите на „Јавна хигиена“ и „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ на повеќе локации во градот ја одржуваат јавната хигиена и јавното зеленило: генерално се чисти во У.З.12 „Гоце Делчев“ (населба „Бараки“), а се коси тревата покрај пешачките патеки и коловозот на ул.„Марко Цепенков“ , „Мирка Гинова“, „Крум Точко“ .

На ул. „Димитар Влахов“ каде естетски се уредува дрворедот од лигуструми, дел од неодамна засадените садници се украдени, а една од железните огради е турната со моторно возило, велат од претпријатието.

„Намерното уништување на јавните добра не оди во прилог на граѓаните, па затоа апелираме на секој можен начин да се спречи деградирањето и уништувањето на истите.“- додаваат од оттаму.