Заврши седницата посветена на советнички прашања

На денешната седница на Советот на општина Охрид, посветена на советничките прашања, беа поставени мноштво прашања за реализацијата на тековните и идните активности на Локалната самоуправа, поврзани пред се со проектите од комуналната сфера, урбанизмот, капиталните инвестиции, образованието и другите јавни дејности, работата на јавните претпријатија како и прашања поврзани со другите области од функционирањето на локалната власт.

На прашањата на советниците, со прецизни податоци и факти, одговараше градоначалникот Никола Бакрачески, при што потенцираше дека оваа Локална самоуправа работи законито, транспарентно и отчетно и дека резултатите од таквата работа ги чуствуваат сите граѓани на општина Охрид.

Во неговите и одговорите на раководителите на надлежните сектори, посебно беа потенцирани бројните инфраструктурни зафати и капиталните инвестиции како што се изградбата на затворен пазар, нова автобуска станица, затворен пливачки базен, автопатот Кичево- Охрид, експресниот пат од Охрид до пештани и другите големи проекти кои наскоро треба да почнат да се реализираат.