„Мистер И“ победник на Турнирот „Петровден“ 2015 во Мешеишта

Синоќа се одигра финалниот натпревар на Турнирот во мал фудбал „Петровден“ 2015 во Мешеишта. Победник на овогодишното 41-во издание на турнирот е екипата Мистер И.

Во возбудловото финале, откако натпреварот заврши 1:1, екипата на Мистер И забележа победа против Инсомнија 5:3 по изведувањето на пенали.

Претходно се играше и натпреварот за третото место, каде Кадмо Бар со 4:0 ја победи Сатеска.

WebOhrid