Разбиен најпопуларниот сајберкриминален форум „ДАРКОД“

Оваа недела, во заедничка координирана акција на глобално ниво, полициските служби и судските власти го симнаа најпопуларниот сајберкриминален форум на англиски јазик по име ДАРКОД.

Во меѓународна координирана акција против хакерскиот форум и неговите корисници, полициски службеници од цел свет ги открија сајберкриминалците кои го користеа Даркод форумот за размена и подобрување на нивното хакерско искуство, малвер вируси и ботнет мрежи како и да најдат партнери за нивните следни спам активности или напади со вируси.

Операцијата беше водена од страна на ФБИ и подржана од Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол со учество на полициските служби од 20 држави во и надвор од ЕУ. Активностите и приведувањата беа координирани од команден штаб поставен во ФБИ, Питсбург САД и во Европол ЕЦЗ во Хаг, Холандија. Во командниот штаб имаше претставници од Република Српска (БИХ), Кипар, Македонија, Данска, Финска, Германија, Латвиа, Романија, Србија, Шведска, Обединето Кралство и ФБИ кои го координираа техничкото симнување на форумот покрај останатите други полициски активности, кои резултираа со 28 приведувања и 37 претреси на дом, и огромен број на одземени компјутери и компјутерска опрема.

На сајберкриминалниот форум кога сајтот беше симнат се појави завеса и беше поставен банер укажувајќи на тоа дека ФБИ, ЕСЗ и меѓународните партнери имаат контрола врз сајтот. Ова го означува крајот на Даркод, најпопуларниот форум на англиски јазик од рангирани петте најдобри криминални форуми ширум светот. Пред повеќе години 250 до 300 активни корисници на Даркод формираа затворена заедница. Членството се стекнувало исклучително со покана и потоа после извршена проверка од страна на доверлива личност на форумот. Имено, досега имало неколку скандали и гласини дека форумот бил компромитиран за време на неговото постоење. Популарниот сајберкриминален центар опфаќал размена и тргување со предмети и услуги вклучувајќи малициозни софтвери (Malware), сајбер напади кои ги искористуваат маните на софтверот (Zero day Exploits) и пристап до компромитирани сервери. Симнување на форумот исто така го обележува крајот на криминалната заедница на корисниците и сериозно нарушување на нивните малициозни активности , рангирани од хакирање и крадење банкарски податоци од платежни картички, до изнајмување ботнет мрежи и сајбер нападите.

Учесници во меѓународната операција заедно со Република македонија се и Австралија, Бразил, Канада, Хрватска, Колумбија, Кипар, Данска, Финска, Германија, Индиа, Израел, Латвија, Нигерија, Република Српска (БИХ) Романиа, Србија, Шведска, Обединето кралство и САД.

Поконкретно, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во рамки на глобалната операција изврши претрес на дом и други простории кај две лица во Скопје и Пробиштип. При претресите пронајдени се и одземени повеќе компјутери, мобилни телефони и друга компјутерска опрема која ќе биде доставена на вештачење со цел обезбедување дополнителни докази во постапката.

При операцијата Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика го приведе М.Л.(25) од Штип и поднесе кривична пријава против истиот до ОЈО Штип за постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Изработка и употреба на лажна платежна картичка“ по чл.274-б ст.3 вв ст.1 и 2 и казниво според Кривичниот Законик на Република Македонија.

Осомничениот во период од 2011 година со употреба на малициозни софтвери прибавувал банкарски податоци од странски државјани преку интернет, а потоа истите ги употребувал за купување разни луксузни предмети, но повеќето банкарски податоци од странски државјани ги продавал на други лица односно ги продавал на повеќе интернет страни, кои се креирани за продавање на нелегално стекнати банкарски податоци од платежни картички. Овие интернет страни (форуми) се креирани и одржувани од негова страна. Од продажбата на банкарските податоци од платежни картички на интернет истиот се стекнувал со голем износ на парични средства, кои најчесто ги подига преку Сервисот за брз трансфер на пари „Вестерн Унион“ каде му уплаќаат пари лица странски државјани од повеќе држави и тоа од Мексико, Лисабон, Русија, Кина, САД и други. До сега е утврдено дека на овој начин пријавениот се стекнал со имотна корист од 82,601,00 Американски Долари и 71.358,00 денари.

Македониските државјани опфатени со меѓународната акција се познати од предходно на македонската полиција и нивните активности биле предмет на истрага на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика. Со вклучување во меѓународната истрага Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика соработуваше со ФБИ и Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол со цел размена на информации за нелегалните активности на македониските државјани на интернет страните и форумите кои беа предмет на истрага. Сите добиени информации и докази се доставени до надлежните Јавни обвинителства.

https://www.youtube.com/watch?v=60NV2Cttlpg