Одбојкарите на Македонија убедливи против Израел

Македонската одбојкарска репрезентација забележа убедлива победа над Израел во денешниот, за нашата репрезентација трет натпревар од Групата А во Европската лига.

Првиот сет го доби нашата репрезентација со резултат 25:13.

Иако почетокот од вториот сет му припадна на Израел, нашата репрезентација брзо се консолидира. Следуваше изедначена борба, Македонија покажа позрела игра и успеа да го затвори сетот со 25:18.

Третиот сет започна релативно добро за нашите одбојкари кои имаа предност во текот на целиот сет. На крајот Македонија го доби третиот сет со 25:19 и вкупно со 3:0 во сетови го победи Израел.

Во Групата А, води Естонија, пред Полска, Австрија, Македонија, Данска и Израел.

Утре во рамките од Групата А ќе се одигра и вториот дуел помеѓу Македонија и Израел со почеток во 17:30 часот.

WebOhrid