Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми ја посети Битолската муфтинија

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити и пратеникот на областа Муса Ибрахими, денес по повод Рамазан Бајрам ја посетија Битолската Муфтинија, каде што се сретнаа со муфтијата Плуми Велиу.

По тој повод, министерот Адами на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита големиот празник Рамазан Бајрам.

„На сите верници од исламска вероисповед им го честитам празникот Рамазан Бајрам и на ним и на нивните семејства им посакувам просперитет, хармонија и бериќетна година.

Битола како општина е значајна и поради фактот што тука живеат припадници на различни етнички и верски заедниции и претставува град во кој се култивира верска и меѓуетничка хармонија.

Исламската Верска Заедница и Битолската Муфтинија значително придонесуваат за култивирање на овие вредности во Република Македонија и во овој град и затоа сакам да им се заблагодарам на муфтијата, но и на другите органи”, рече министерот Адеми. Тој истакна дека Владата на Република Македонија ќе продолжи со имплементација на различни проекти во оваа општина, за доброто на сите граѓани.

„Пред неколку години е основана Азбуката на албанскиот јазик тука, во Битола и во таа насока Владата на Република Македонија со својата работа придонесува за почитување на вредностите на сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија”, изјави Адеми.

Министрот Адеми рече дека со раководителот на Битолската Муфтинија исто така, разговараа за образовниот процес и истакна дека во соработка со Општина Битола се работи за отворање на паралелки на албански јазик во основните училишта. Тие заедно апелираат до албанските ученици да се запишуваат во паралелки на албански јазик.