Осветен храмот Преполовение во Мислешево, Струга

Денес во Седмата недела по Педесетница и на празникот на преподобниот Сисој Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Митре Попоски, свештеникот Никола Христоски и ѓаконот Сашо Целески, изврши осветување на новоизградениот храм посветен на празникот Преполовение во с. Мислешево, Струга.

Храмот се изгради со донациите на локалното население, како и со донациите на сите добронамерни верници од пошироката околија.

Откако храмот беше осветен, беше отслужена и првата света архиерејска Литургија, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа.