Локализиран пожарот кој избувна во подножјето на Галичица

Во општина Охрид, на периферијата на градот кај трафостаницата 110, под далновод настанати беа два пожари. Едниот беше од подножјето на планината Галичица, опожарена беше  нискостеблеста шума и сува трева, додека пак другиот во атарот на селото Рамне каде беше зафатена и борова шума.

На лице место се вработени од НП Галичица, 13 лица од ТППЕ со 3 возила, Црвен Крст, вработени од јавните претпријатија од Охрид, 2 лица од ПОЗС Охрид и 1 возило од ПОЗС Струга.

Пожарот е локализиран, а ангажираните лица ќе останат на терен и будно ќе ја следат ситуацијата.

WebOhrid/Фото: А. Андриоски