Започна Неделата на шпански филм во Охрид

Синоќа во НУ ЦК „Григор Прличев“, Охрид започна Неделата на шпански филм во Охрид која ќе трае до 26 јули.

Свеченото отворање на овој културен настан го одбележа Н.Е. Амбасадорот на Кралството Шпанија во Р. Македонија, Рамон Абароа, кој претходно имаше протоколарна средба со градоначалникот Никола Бакрачески.

Неделата на Шпански филм за прв пат се одржува во Охрид . Со овој настан културниот охридски мозаик добива нови димензии кои се битни за привлекување поголем број домашни и странски гости во Охрид.

Организатори на културниот настан се Амбасадата на Шпанија во Р. Македонија и Центарот за Култура „Григор Прличев“.